(ФОТО) Еден на еден, ама една на една: Превласт на стилови во познатото шоу

Добивај вести на Viber

Нема сомнеж дека паметното облекување скоро никогаш не изневерило. И стилот на личноста е на повисоко ниво кога стратегиски се создава стилската приказна. Токму во шоуто „Еден на еден“ две дами демонстрираа уникатност, својсветна само за нив. Министерката Нина Ангеловска и директорката на УЈП, Сања Лукаревска успешно ја прикажаа нивната модна приказна, а резултатот ќе имате можност да го видите во недела во 18:30 на „Канал 5“ во шоуто на Жаре.

Англеловска е позната по минималистчкиот стил, без непотребни натрупувања. За оваа пригода сепак вешто играла со парчињата. Па наместо класично палто, нејзиното е со кожени тендовски детали, надополнети со суптилна кошула и панталони кои ја следат линијата на телото. Она што е интересно и паметно го извела, се двата гердани, едниот со знакот за бесконечност.

За разлика од неа, Лукаревска дала предност на розовата боја која на русокоса како неа, одлично ѝ прилега. Освен палтото во ова деликатна боја која секој не знае добро да ја комбинира, таа тоа го направила на едноставен начин - останатата облека е класика без пренападни детали.

Се разбира, и двете носат високи потпетици кои се олицерворение на шик изглед.

Н.Т.