(ФОТО) Еден трик на фустанот ќе направи да имате 5 килограми помалку

Добивај вести на Viber

Манекенките ги знаат ваквите трикови за витка линија. Ангелот на Викторијас Сикрет, преубавата Кендис демонстира како изгледа вистинскиот избор на фустан кој визуелно прави да се сокријат килограмите.

Иако нејзината фигура е перфектна и може да облече што ќе посака, даде одличен пример за сите оние жени кои се мачат со килограмите. Додека со вежбање и правилна исхрана не можете да дојдете  до топ форма, послужете се со овој моден трик со кој за момент ќе ја трансформирате фигурата.

Црната боја е правило кое веќе го знаете. Во црно сите изгледамо послабо, но доколку фустанот по рабовите го пратат детали во вид на линија во боја, ефектот е уште подобар.

Овие детали ќе направат визуелно фигура на песочен часовник, а и визуелно ќе ве издолжат.