(ФОТО) Единствената чанта која дамите со стил ќе ја носат ова лето!

Добивај вести на Viber

Можеби пролетта ја започнавме со „пвц“ чанти, но затоа во летната сезона влегуваме со едноставни и феноменални плетени чанти.

Повеќето имаат кратка рачка и некој симпатичен детаљ во вид на приврзок или зашиен додаток во некоја жар боја.

Овие модели се смислени така што совршено одат со рамни, опуштени чевли, но и платформи, сандали и патики. Следат и бохо стил, но и малку поотмена женственост.

Сепак, најдобро одат со сафари комбинации и скандинавски минимализам, но и цветна естетика, во вид на макси фустан или раскошни миди сукњи, споени со бели едноставни маички кои ги одликува некој шик натпис.

Разгледајте ја галерија и инспирирајте се!