(ФОТО) Единственото елегантно парче кое ви е потребно во 2020!

Добивај вести на Viber

Доминираа на излозите уште на почетокот на есента минатата година, за на крајот од сезоната да се појават и во машките оддели. Комбинезоните се незаборавен тренд кој допрва ќе го гледаме во различни варијанти. 

Сепак, моделот кој особено се издвои е оној во црна боја, првенствено затоа што со оваа боја не може да се погреши без разлика каков материјал ќе одберете. Еден таков модел на модната писта го прошета холандскиот топ-модел Доцен Крос.

Станува збор за кожена варијанта со металик детаљи во вид на нитни со кружна форма и со волуменизирани ракави кои беа ИН во 80-те години на минатиот век. Овој модел од колекцијата пролет-лето 2020 го потпишува Изабел Марант.