Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Една од најубавите Македонки со синот во Зоолошка
Прва Мис на Македонија која замина на светскиот избор за убавина е Вера Мештеровиќ, во 1996 година. Таа е мајка на синот Андреј, 8 години и ќерката Јована, 6 години, кои ги има од поранешниот брак со фудбалерот Игор Кралевски.
Важи за една од најубавите Македонки, а низ годините ја промени својата професија и се занимава со маркетинг и е заштитно лице на познати брендови, како и останатите досегашни наши Мис кои веќе имаат други успешни кариери.
Вера денес се приклучи во кампањата на Зоолошката градина во Скопје, „За здрави и среќни животни". Ги хранеше жирафите и порача дека треба да бидеме совесни посетители.