Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Елеганција во движење: Меланија Трамп ја започна европската турнеја
Меланија Трамп заедно со нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп вчера ја напушти Белата куќа и замина на 4 дневна европска турнеја, која започна со посета на Брисел на Самитот на НАТО, па потоа Англија и за крај, долгоочекуваната средба со рускиот претседател, Владимир Путин.
По тој повод, најпознатата Словенка одбра парчиња облека со потпис од познати дизајнерски имиња и овој пат како и секогаш, направи вистински моден погодок.
Првата дама на САД одбра црвена блуза од Ралф Лорен, која ја комплетираше со здолниште во А - крој и ремен, кои се дело на австралискиот дизајнер, Мартин Грант.
За крај, Меланија носеше салонки од познатиот Кристијан Лубутин, моделот наречен „So Kate", со препознатливиот црвен ѓон.