(ФОТО) Елегантна во црно: Каролина блесна во родната Битола

Добивај вести на Viber

По три години, Каролина Гочева повторно настапи на нејзиното омилено место, амфитеатарот на Хераклеа. Поп-ѕвездата во родната Битола ги отпеа хитовите од нејзиниот актуелен албум „Извор“, чии песни премиерно ги изведе на седумте концерти во МОБ во Скопје, во февруари и во март, но и песни од проектот „Македонско девојче“.

Гочева блесна во елегантна црна комбинација, стајлинг за кој повторно се погрижи нејзината долгогодишна соработничка и пријателка Цаци Паковска.

Каролина вечерва ќе одржи концерт и во Античкиот театар во Охрид.

Фото: Саше Богоевски