Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Есенски комбинации по примерот на Јелена Карлеуша: Заводливи, едноставни и тренди
Една од најпопуларните и најконтроверзни пејачки во регионов, Јелена Карлеуша е жена која има свој изграден екстравагантен стил, со кој знае да го привлече сечие внимание.
Овојпат е наша инспирација со нејзините едноставни есенски комбинации кои се лесни за копирање.
1. Кошула фустан и високи чизми
Во оваа заводлива и едноставна комбинација доминираат најесенските бои- маслинеста и кафена.
2. Вечна класика- џемпер и тесни фармерки
Класичен моден избор за секоја пригода, може да го комбинирате со било какви обувки.3. Капутот на сезоната
Долг капут во пастелна нијанса е „must have“ оваа преодна сезона.
4. Спортски изглед со долг дуксер и чизми (патики)
Одличен избор со кој ќе изгледате ултра тренди.