(ФОТО) Еспадрили-удобни и симпатични обувки за топлите пролетни денови

Добивај вести на Viber

За топлите пролетни и летни денови е тешко да се најдат поудобни и посимпатични чевли од Chanel еспадрилите.

Еспадрилите датираат од XVI век. Од тогаш, до денес сите чевли претрпеа голем број измени, а познатата модна куќа Yves Saint Laurent  им овозможи влез на големата врата на модата пред повеќе од половина век.


Денес еспадрилите се наоѓаат во колекциите на сите реномирани модни куќи. Valentino еспадрилите се карактеристични по металните нитни, додека Chanel еспадрилите веднаш ги освоија срцата на трендсетерките. Прв пат се претставени во 2012 година.  


Стиловите варираат зависно од сезоната, па така Chanel еспадрилите се достапни од платно, кожа, твид или антилоп. Доаѓаат во различни бои, а моделот кој посебно се издвојува се еспадрилите во крем-црна нијанса.


Тесни фармерки, кроп панталони или комбинезони со мини шорцеви - на пример предлагаме да проучите со кои модни парчиња еспадрилите од памук или кожа најдобро изгледаат.


Инаку, овој пар еспадрили од Chanel на Гугл се најчесто пребарани.