(Фото) Ева Лонгорија во костими за капење ден пред породување

Добивај вести на Viber

Славната 42-годишна „очајна домаќинка" треба да се породи секој момент, но тоа не ја спречува да биде активна пред раѓањето.

Од самиот почеток на бременоста, актерката не крие колку многу и се радува на новата улога во животот, и секој ден е во интеракција со своите фанови на социјалните мрежи, каде што  објавува бројни фотографии од нејзиниот приватен живот. 

Овој пат целосно охрабрена и по повод неодамнешниот ден на мајката, постави фотка во црн костим за капење, под која напиша:

„Здраво луѓе, денес ми е прв ден на мајката! Среќен Ден на мајката на сите убави мајки! Бидете ценети во текот на целата година за целата напорна работа што ја вршите. И среќен ден на мајка ми Ела, најдобрата мајка на светот! "

Актерката и нејзиниот сопруг, 50-годишниот маж, Хозе Антонио Бастон очекуваат син, прво биолошко дете за Ева, а бременоста поминува без проблеми.

Ева со оваа фотосесија докажува дека ужива во своето тело и со килограм плус.