(Фото) Еве како изгледа Меланија Трамп 26 дена по операцијата!
По 26 дена отсуство, Меланија Трамп одлучи да се врати во одличен стил. По ненадејната операција на бубрезите, првата дама на САД се повлече од јавноста, никој не знаеше каде е и што се случува со неа, до три недели подоцна, кога таа стави објава на Твитер, а сега излезе во јавност и ги запре сите шпекулации.
Првата дама на Америка се појави во друштво на претседателот Трамп на брифингот за урагани во седиштето на Федералната итна интервенција во Вашингтон, а нејзиниот стајлинг и овој пат беше беспрекорен. Иако веќе некое време беше далеку од медиумите, таа се врати многу сериозно, барем кога со изборот на облека.
Нејзиниот „аутфит“ вика „еве ме назад“ , благодарејќи на нејзиниот заштитен знак- елегантниот балонер во „А„ крој, во струкот стиснат со каиш, кој убавата прва дама обожава да го носи целосно закопчан како фустан. Станува збор за беж балонер во сафари крој кој го потпишува модната куќа „Селин“, а за потпетиците од питонска кожа тука е модната куќа „Џими Чу“.