(ФОТО) Фантастични резултати: Облека која визуелно го намалува струкот

Добивај вести на Viber

Како се ближи летото така сѐ поинтензивно размислуваме за нашиот изглед и нашето тело, па многу често констатираме и дека не сме задоволни и дека можеби требаше порано да почнеме некоја диета, да го промениме начинот на исхрана, да воведеме физичка активност и слично.

Да, ова се типично женски размислувања кои се појавуваат под притисокот дека во летниот период нема да можеме со облеката да ги прикриеме нашите несовршености.

За среќа не е сè така безнадежно, дизајнерскиот тим на брендот „Linea“ ви открива кои парчиња облека од новата колекција ќе ви помогнат значително да го намалите обемот на вашиот струк. Резултатите ќе бидат фантастични, затоа што ефектите од добро одбрани модни парчиња кои влијаат на визуелното намалување на струкот се толку големи што не ретко ќе добиете коментари дека сте ослабеле неколку килограми.

Во продолжение ќе ви понудиме неколку модели кои визуелно го намалуваат струкот и можете да ги носите во различни пригоди.

Ако сте во потрага по модели кои ќе ви помогнат да заблескате секогаш кога тоа најмногу е потребно, тогаш овие два модела задолжително треба да се најдат во вашиот гардеробер.

Доколку уживате во природни бои и цветни дезени кои се хит оваа сезона, тогаш ви ја предлагаме оваа маслинеста туника и впечатливиот дезениран фустан.

За дневна варијанта секога препорачуваме и еднобојни блузи кои можете да ги комбинирате со панталони или здолниште, во зависност од вашата желба, но кој модел и да го одберете едно е сигурно - тој визеуелно ќе го намали вашиот струк, а ќе ја зголеми вашата самодоверба.

Сите модели од нашата нова колекција можете да ги погледнете на веб-продавница на „Linea“.

Дел од моделите се со намалени цени, затоа искористете го попустот и направете ја вашата онлајн нарачка уште денес!