(Фото) Фарел Вилијамс купи раскошна куќа за 15,6 милиони долари

Добивај вести на Viber

Фарел Вилијамс има нов дом. Прекрасната вила на Беверли Хилс ја купи од режисерот Тајлер Пери, кој ја купи пред само неколку месеци за 14,5 милиони долари. Фарел мораше да одвои 15,6 милиони долари за неа, а кога ќе се всели не е познато.

Внатрешноста на оваа огромна куќа сè уште не е уредена, но на фотографиите во медиумите гледаме раскошен екстериер со скулптури, фонтани, раскошна флора и голем тениски терен. И ентериерот е украсен со многу растенија и мермер, а огромните прозорци се протегаат низ собите, па куќата изгледа речиси како стаклена.