(ФОТО) ФАТИМЕ ФЕТАИ И НОРА ШАЌИРИ: Ние сме како сестри

Добивај вести на Viber

„Сестри“, напиша Нора Шаќири- Марковиќ под сликата која ја објави на нејзиниот фејсбук профил, заедно со обвинителката Фатиме Фетаи.

Поранешната Тв водителка и новинар, сега вработена со Министерството за култура, како асистент на заменик Министерот и односи со јавност, е блиска пријателка со Фетаи.

Двете уживаат во заедничките вечерни излегувања, а Нора често на нејзиниот фејсбук профил ги поддржува професионалните одлуки на Фатиме.

Уживаат во вечерните излегувања.- Нора и Фатиме

„ Кога почнаа да се шират како вирус сите тие написи за мене дека сум дел од Министерството за култура, па дека сум дел од кабинетот на министерот, па дека сум некаков шеф на некаков сектор, јас ни оддалеку не помислував за таква работа и се прашував од каде сите тие натписи за мене и кој тоа сака да ме види таму? Толку силни рафали се испукаа што навистина помислив дека нема да останам жива. Но, некое време потоа баш тие натписи ме доведоа тука каде што сум сега.  Се изначитав и се изнаслушав разно-разни конструкции на темата „Нора и Министерство за култура“ , што навистина не можев да верувам колку луѓето можат да отидат далеку. Небаре Претседател на земјава станав, а можеби и треба да станам - сигурно поубаво ќе биде за сите“, изјави Нова во интервју за Женски магазин.

Таа е среќно мажена за музичарот Марко Марковиќ. „ Со Марко се запознавме во за мене најтешкиот период во мојот живот. Еден месец по смртта на мојот татко некако успеав да соберам сила и да се замешам меѓулуѓе и тогаш се појави тој. Ме прегрна, ми изрази сочуство за татко ми и ми рече дека ќе ме чува засекогаш“, изјави Нора за својот сопруг.