Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Фатиме Фетаи најелегантна на изборот „Мажи на годината“
Фатиме Фетаи беше најелегантната гостинка на изборот за Мажи на годината кој се одржа вечерва во “Тренд- гастро бар“.
Специјалната јавна обвинителка го привлече вниманието на присутните кога пристигна на забавата и беше една од најфотографираните личности. Фатиме позираше во друштво на нејзината блиска пријателка, познатата водителка и новинарка Нора Шаќири-Марковиќ, која работи во Министерството за култура, нејзиниот сопруг Марко и водителот од ТВ „24“, Огнен Јаневски, кој ја доби наградата за маж на годината според социјалните медиуми.
Облечена во бел мантил и крем чевли на високи потпетици, Фетаи покажа дека внимава на секој детаљ од нејзината облека и на имиџот на сите јавни настани.