Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Фатиме Фетаи со сако во боја која е хит оваа сезона!
Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи е жена со свој изграден стил. Со секое свое појавување таа изгледа елегантно, а омилено од нејзините модни изданија ни е токму ова.
Станува збор за сако во жолта лимон боја, која е апсолутен хит оваа сезона. Нејзиниот заштитен знак- црвениот кармин и црната секогаш средена коса се само плус на оваа модна комбинација, која Фатиме ја покажа уште изминатата есен. Апсолутен моден погодок.
Фото: Мкд.мк