(ФОТО) Ги врати во мода панталоните кои жените ги мразат: Џенифер Анистон во модел од 90-тите

Добивај вести на Viber

Џенифер Анистон сака да спојува неспоиви модни парчиња, па од време на време во јавноста знае да прошета со нов моден експеримент.

Овојпат, 50-годишната холивудска актерка беше забележана на улиците на Лос Анџелес во бели карго панталони кои беа популарни во деведесеттите. Но не беа омилени меѓу жените.

Со нив искомбинира бела маица со „V“ израз, а над неа црно сако со завиткани ракави, и црна „Шанел“ чантичка. Од модни додатоци избра обетки, златен часовник и очила за сонце.

Стајлингот го заокружи со полувисоки чизми, кои по мислењето на многумина не одговараат со овие панталони, но Анистон очигледно не се грижи за модните правила.