(Фото галерија) Еве како изгледа рустикалната раскошна куќа на Рис Витерспун

Станува збор за дом кој се протега на повеќе од илјада квадратни метри и се наоѓа во Нешвил, Тенеси. Куќата располага со седум спални, осум бањи и два тоалети, а во дворот има и куќа за гости со две спални и три бањи.

Стилот на декорација е рустикален и куќата е навистина создадена за уживање. Покрај пријатната внатрешност, раскошните кревети и бањи кои личат на оние од спа-центрите, надворешноста е прекрасна. Има голема тераса со лежалки и софистицирана опрема за скара, и се разбира, огромен базен.

Еве како изгледа куќата на Рис Витерспун, од која таа одлучи да се откаже за 4,4 милиони долари.