Моден фокус // Коса
(Фото галерија) Како да носите плетенки како ѕвезда?
Плетенките се совршена фризура за секоја пригода.
Во текот на топлите пролетни и летни денови, лесно е да се врзе косата во плетенка и да се има убава фризура цел ден, без многу грижи. Но, тие се одличен избор и за сите формални настани во текот на летото, и можете да ги носите и на работа.
Во потрага по инспирација за носење плетенки, пронајдовме одлични фризури на славни личности од црвениот тепих кои не воодушевија. Погледнете како познатите жени како Маргот Роби и Блејк Лајвли и многу други носат плетенки.