(Фото галерија) На црвениот тепих на Мет Гала се прошетаа уникатни креации: Ријана и Блек Лајвли меѓу најдобрите!
Њујоршката Мет Гала е најважниот моден настан на годината. Темата вој пат беше „Небесните тела: Мода и Католичката имагинација"
Првиот понеделник во мај секоја година е резервиран за Мет Гала, и така беше и оваа година.
Тој е најголемиот моден настан на годината, познат како „модни Оскари", кој беше основан во 1948-ма година, а оваа година го слави својот 70-годишен јубилеј и на вообичаеното место, во Метрополитен музејот во Њујорк.
Оваа година Мет Гала понуди неколку интересни изданија.
Во однос на темата „Небесните тела: Мода и Католичката имагинација", не е чудно што видовме многу ангели и крстови.
Кети Пери носеше толку големи крила,со кои беше вистински ангел, Ријана носеше шапка како папата, и речиси секоја втора жена на црвениот тепих прошета нешто во стилот на темата.
Дефинитивно најинтересни беа изгледите на Ријана, Кети Пери, Блејк Лајвли, Рита Ора и Џенифер Лопез, додека Кејт Босворт изгледаше како принцеза.
Сестрите Џенер не беа според темата, додека Ким Кардашијан барем делумно се прилагоди.
Креативниот директор на Гучи, Мишел Алесандро, Лана Дел Реј и Џеред Лето се појавија во Gucci облека која е речиси невозможно да се опише со зборови, и е најдобро да се погледне во галеријата.