(Фото галерија) Погледнете како изгледа раскошниот дом на Ева Лонгорија кој се продава по цена од 4 милиони долари

Ева Лонгорија ја намали цената за нејзината куќа во Холивуд за половина милион долари во март, но таа сè уште не успеа да се продаде, а нејзината цена е 3,795 милиони долари денес. Вилата има двор од 800 квадратни метри, а актерката ја купи во 2006-та година за 3,6 милиони долари.

Вилата располага со пет соби со сопствено купатило. Главната спална соба има два големи плакари во посебни простории, и е поврзана со бања со камин, џакузи и парна бања. Кујната и дневната соба се поврзани и имаат два камини и излез на балкон, а има и теретана и винска визба.

Во дворот има базен и цел спа центар кој го опкружува, а таму е отворена или летна кујна во задниот двор со поглед на планините.