(ФОТО) Хит чантата од Инстаграм сега и во форма на чевли

Добивај вести на Viber

Модниот бренд Cult Gaia ја претставува првата колекција на обувки во кои ќе се вљубите на прв поглед.

Кога за прв пат е претставена чантата од бамбус од овој познат бренд, немало модни инфлуенсерки и street style ѕвезди кои би можеле да им одолеат. А после чантата која го обзеде целиот моден свет, на ред дојде и колекцијата на обувки.

Заедно со онлајн луксузниот бренд Net-a-Porter, брендот креирал единствена колекција од пет различни модели кои издишуваат со посебна уметничка вибрација, совршена за пролетна и летна сезона. Од потпетици на бамбус до жолти мокасини кои потсетуваат на познатата „Арк“ чанта, првата дебитна колекција сигурно ќе стане многу популарна.

Пет модели кои ја сочинуваат колекцијата се достапни во неколку различни нијанси и веруваме дека секој ќе стане апсолутен хит.