Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Хит модел: Во овие панталони нозете изгледаат слаби и долги
Вистинскиот избор на панталони може многу да направи за да ја доведе до совршенство вашата фигура. Со вистинскиот крој на гардероба може да ги сокриеме вишкот на килограми, да направиме облини таму каде што ги нема, или пак да ги сокриеме. Ѕвонарките ја имаат таа моќ визуелно да ги издолжат нозете.
Во нив и ниските жени изгледаат како топ модели.
Освен тоа, ѕвонарките оваа сезона се во тренд, а може да се носат и на безброј начини. Одлично се вклопуваат со елегантни парчиња, но и со лежерни комбинации. Може да се носат со високи потпетици, но и со рамни чевли, во зависност од тоа што вам ви е поудобно.