(ФОТО) Хит панталони за 2019: Ѝ стојат на секоја жена, а се комбинираат со се!

Добивај вести на Viber

Искинати  фармерки или тесни црни панталони од имитација на кожа ? Да, ова се модели кои ги носевме во сезоните, се додека не се појави ова толку добро парче! 

Модел на карирани панталони со сива подлога е се спротивно на типичната улична мода. Со добар крој на висок струк, овие панталони лесно се претвораат во вистинско модерно парче кое лесно се вклопува во различни комбинации. 

Иако изворно потекнуваат од бизнис модата, тоа не значи дека овие панталони не можеме да ги комбинираме со дневен, опуштен стил. Тесен модел налик на хеланки одлично им стои и на витките жени, додека лесно проширениот вреќест модел со висок струк им стои на сите. Овие панталони еднакво добро изледаат со гломазни чизми, како и со патики, а ако ги носите за бизнис прилики, вклопете ги со карирано или сако во прилепен дезен.