Моден фокус // Трендови
(ФОТО) ХОЛИВУДСКИ ГЛАМУР: Сите гледаа во Адријана Лима на забавата по оскарите
Манекенките се навикнаа да ги освојуваат модните писти на различни гламурозни настани ширум светот. Не е ни чудно што топ-моделот Адријана Лима знаеше како да го привлече вниманието на црвениот килим кога фокусот очекувано е на филмските ѕвезди.
На забавата на „Венити фер“ која традиционално се одржува веднаш по оскарите, Лима изгледаше неверојатно во бел блејзер фустан украсен со сребрени дијамантски копчиња и со исклучително храбар шлиц на левата нога, додека во преден план беше нејзиното изразено деколте.