(ФОТО) Хулахопки како задолжително модно парче: 7 модели што се апсолутен хит оваа сезона

Добивај вести на Viber

Кога е во прашање модата, доцната есен за многумина е омилено годишно време, поради преубавите комбинации на фустани, капути и чизми.

Со ваквите комбинации од практични причини ( за да не ни биде ладно) носиме хулахопки, но оваа година тие се толку популарни и ги има во толку убави дезени, што со сигурност може да бидат главна ѕвезда на модната комбинација!

Овие модели се број еден за оваа сезона: 

1. Класични црни хулахопки

Одговараат на секој аутфит, без разлика дали станува збор за лежерна или пак елегантна комбинација. „Fiore“ хулахопките се удобни и даваат совршен изглед на ногата, а во моментов се на попуст од минус 30%.

2. Неодоливи туфници (точки)

Овој дезен на хулахопки е популарен веќе неколку сезони, а најчесто е дел од отмени и нежни комбинации, со оглед на тоа дека дава нота на романтичен изглед.

3. Впечатлив дезен

Впечатлив дезен кој последните сезони го гледаме на капутите и панталоните, сега е достапен и на хулахопките. Толку е ефектен што без сомнеж мода да ја „носи“ целата модна комбинација.

4. Ситна мрежа

Мрежестите хулахопки се популарни со децении, особено поради магичниот ефект визуелно да ги отстранат евентуалните недостатоци на нозете. Оваа сезона најпопуларна е ситната мрежа, а тука се и оние украсени со циркони или впечатлив дезен.

5. Животински принт

Љубителките на овој доминантен дезен имаат причина да се радуваат- ваквите хулахопки се тотален хит оваа сезона. Леопардскиот дезен изгледа толку моќно, што луѓето нема ни да забележат што друго сте облекле.

6. Ѕвезди

Хулахопки со разиграни ѕвезди по вашите нозе, даваат ефект на магија, откачен стил и убавина. 

7. Секси линии

Дезенот со линии е хит веќе неколку сезони. Хулахопките со линии носат доза сексапил со себе и ја прават секоја модна комбинација посебна.

Видете ја целата колекција на дезенирани хулахопки „Vintage Soul АW '19“ во „Bonatti“ продавниците или онлајн www.bonatti.mk