(ФОТО) Хурем Султан направи драстична промена на својот изглед
Многу луѓе најдобро се сеќаваат на неа како црвенокоса. Меријем Узерли овојпат особено ги изненади своите фанови со сосема поинаков изглед на социјалните мрежи. Турската актерка на која се сеќаваме како Хурем Сулан во серијата „Величествениот Сулејман ", ја обои својата коса во темно кафеава боја.
Оваа ѕвезда неодамна беше на одмор во Хрватска во друштво на своето момче, соработник Тамер Тришаоглу, и по враќањето од одмор се одлучи за голема промена. Актерката сега е бринета и има нова фризура, а на Инстаграм објасни дека причината за оваа промена е снимањето на новиот филм.
Во серијата по која ја паметиме, Меријем имаше црвена коса. Подоцна ја видовме како блондинка.
Бидејќи има сини очи, сега ќе и бидат уште поизразени со нејзината темна коса, па затоа нејзиниот нов изглед навистина и годи. Таа и претходно била темнокоса, на пример, од 2002-ра и 2006-та година.