(ФОТО) И нема рамна во стилот: Комбинација со која кралицата Ранија го воодушеви светот

Добивај вести на Viber

Уште еднаш јорданската кралица Ранија беше беспрекорна во својата едноставност, но и ефектност и така демонстрираше дека во доменот на облекување и „нема рамна“ меѓу дамите со сина крв.

При посетата на Дар Ал Ајтам општеството во Јордан, кралицата се водела од елеганцијата, одмереноста но и практичната мода.

Официјалниот повед секако барал одредена сериозност во облекувањето, а во изведбата на харизматичната бринета се подразбира и сведена и модерна софистицираност-бела кошула и жолти широки панталони кои ги воодушевиле дамите со стил.

Сепак, совршената надградна на сведена комбинација ја завршила со едноставен црн каиш кој ја „струкирал“ кошулата и допринел Ранија да изгледа уште поженствено.

И во сферата на убавината, оваа дама продолжила со проверени и успешни рецепти, користејќи светлорозево руменило и благо нагласувајќи ги очите со сенки во браон тонови.