Постојат повеќе видови на цвеќе кои не бараат многу грижа, но прекрасно изгледаат и ќе го украсат вашиот балкон.
Бегониите се цвеќиња кои се отпорни и можат да стојат на балкон. Тие цветаат до октомври, но не треба директно да бидат изложени на сонце. Ако е топло, треба секој ден да се полеваа со вода.
Гераниум е билка која трпи сонце, но може да цвета и на студено. И за оваа билка треба секој ден полевање, а таа не трпи ветер.
Лобелиа е совршена за балкон. Цвета од јуни до крајот на есента. Таа сака сонце, вода, но и ѓубрење.
Украсна коприва или колеус е цвеќе кое не бара многу внимание, и може да има боја од светло до темно зелено или дури и розе.
Кадифа е билка со портокалова боја, а има и специфичен мирис.