(ФОТО) Игнасио од „Касандра“ има три сина: Важи за голем заводник

Добивај вести на Viber

Серијата „Касандра“, која се емитуваше пред околу 20 години, ги пoмести сите граници на телевизиските серии, а љубителите на оваа теленовела сè уште се луди по главните актери Кораима Торес (Kaсандра) и Освалдо Риос Алонсо (Игнасио).

Освалдо Риос беше запаметен и како добар и како лош затоа што играше два лика - близнаците Луис Дејвид и Игнасио Контрарас. Освалдо има 62 години, а тој сè уште важи за голем заводник. Популарниот актер се женеше три пати, а во моментов ужива во љубовта со Лу Родригез.

Популарниот актер е на прагот на својата седма деценија од животот, но сепак изгледа брутално добро, како што покажуваат и фотографиите на неговиот Инстаграм профил, каде е многу активен.

Тој е запаметен и по врската со познатата пејачка Шакира.

Актерот има три сина - Џулијан, Освалд Габриел и Алесандро.

Галерија: