(ФОТО) Ина Многуфина до Миа: Ги правеше за да ги криеш?

Добивај вести на Viber

Познато е дека поранешната водителка на магазинот „Бекстејџ“ , Миа Костова направи зголемување на своите гради. Операцијата не ја доживеала стресно, поради, како што вели прекрасниот тим на лекари со кои веќе има искуство од раѓањето на синот Андрија. 

Таа во неколку наврати објави топлес фотографии од професионална фотосесија, а овој пат доби и коментар од Ина Многуфина. Еве како течеше разговорот.


- Ставив импланти во градите, класично зголемување. Одамна имав желба да го поправам она што остана од мојата бременост во која качив 30 килограми, доењето и „играњето со килажа“. Препорачувам жените да прават она што нив ги прави среќни, да не ја преминуваат границата, но и да не се потпираат на ептен натурален изглед- зошто кога веќе има начин да не се искористи? - изјави Миа за Женски Магазин.