(ФОТО) Иванов и Трамп едноставни, сопругите Маја и Меланија елегантни

Добивај вести на Viber

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов заедно со својата сопруга Маја Иванова, присуствуваше на приемот што претседателот на САД, Доналд Трамп го организираше за шефовите на делегациите на 73-то Генерално Собрание на Обединетите Нации, во Њујорк.

Доналд Трамп беше придружуван од својата сопруга Меланија. За ваквата средба, претседателите избраа слични костими, со едноставни вратоврски, додека дамите беа особено елегантни. Меланија избра мал црн фустан, со крој на капут и појас околу половината. Маја Иванова пак носеше тиркизен комплет од едноставно здолниште и горен дел со чипка. 

(Фото- Фејсбук страница на Ѓорге Иванов- Претседател на Република Македонија)

На ваквиот настан присуствуваше и претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, која се појави во исклучителка креација на домашна хрватска дизајнерка Снјежана Мехун. Некои коментираа дека претседателката изгледа постилски и поубаво од секогаш модерната Меланија Трамп.