(ФОТО) Изглед на денот: Амал Клуни во совршена комбинација споена со мантил на Diane Von Furstenberg

Добивај вести на Viber

Уште една совршена деловна комбинација во режија на прекрасната Амал Клуни.

Британската адвокатка не е само една од најбараните во професијата за човекот права, туку и гостувачки професор на многу правни школи. За едно предавање во школото Columbia Law School во Њујорк убавата црнокоса избрала женствена бизнис комбинација на која најдобар акцесоар и била нејзината самодоверба.

Амал Клуни инспирација пронашла во силните жени и активистки кои, баш како и таа, со дела кажуваат повеќе од зборови-често е во тим на кој ги брани лицата на кои им се скратени основните права, се залага на форуми и конференции за подобар живор на лица на кои тие секвенци за жал им се забранети или одземени.


И иако се занимава со бизнис кои спаѓаат во категоријата на „тешки“ , а прекрасната Британка со либанско потекло едноставно не дозволува да изгледа негрижливо или лошо.

Вредните папараци така завчера ја „фатиле“ како со елан оди на своја должност во софистициран ретро изглед.

Црната маица ја споила со широки ѕвонарки на рабовите, каро дезен и браон тонови. Чевлите на штикла, исто така во беж боја делуваат како проверено продолжение, но целиот изглед на 40-годишната дама го финишира Diane Von Furstenberg PVC мантилот со браонкасто камел нијанса со која на комплетното издание му ја дала таа винтиџ нота и уште една десетка за моден вкус.

Со пуштена и лесно искршена коса со блага насмевка и oversize наочари, Амел ја истакна својата природно со минимални интервенции во вид на розе руменило и кармин.