(ФОТО) Изгледајте привлечно со кармините на Фатиме, Елена, Шекеринска
Нашите мајки и баби секогаш нѐ советувале без кармин да не излегуваме од дома. Усните се огледало на секоја жена, а карминот отсекогаш е еден од најважните детали во шминкањето. Оваа сезона, во тренд се повеќе бои на кармини кои светски познатите стилисти ги најавија уште пред неколку месеци.
1. Мат црвениот кармин е одраз на сексапилот, и затоа никогаш не излегува од мода. Стилистите велат дека само храбрите жени користат црвен кармин. Како црвена варијанта, летово е многу присутна и корално-црвената.
2. Нежно розовата и нежно виолетовата варијанта се бои која ги сакавме како деца, а кармините во оваа боја се повторно во тренд.
3. Вистински хит се нијансите во кожа боја, или nude нијансите кои станаа класика. Оваа боја на кармин е најлесна за нанесување.
4. Интензивната виолетова боја го задржа трендот од минатата година, и е идеална за оние кои сакаат појака шминка и потемна боја на кармин.
Нашите познати дами го следат светскиот тренд на шминкање. Издвоивме неколку од нив кои секогаш се грижат бојата на карминот да им прилега но и да привлече внимание.
Во нејзин стил.- Елена Ристеска со интензивна виолетова боја на кармин
Црвената мат боја е одраз на сексапилот.- Фатиме Фетаи
Преферира нежни розови нијанси и кармини со боја на кожа.- Мила Царовска
Оригинална и ексентрична.- Сара Мејс со син кармин за снимањето на новиот спот
Се шминка ненападно и избира кармини во боја на кожа.- Радмила Шекеринска
Јелена Јованова ретко може да се види со иста боја на кармин, а црвената одлично ѝ стои
Лила Стојановска е една од оние кои експериментираат со повеќе стилови на шминка, и секогаш е во тренд
Дани Димитровска со крем боја на кармин
Црвената боја е класика и одлично ѝ стои.- Кристина Арнаудова со стилистот Дадар
Тамара Тодевска со нежно розов кармин, во совршена комбинација со облеката
М.Џ.