(ФОТО) Ја дои ќерката цели 9 години: Tаа го прави тоа за доброто на детето

Добивај вести на Viber

Кога Шарлот имала пет години, нејзината мајка, Шерон Спинк (50), ја цицала три пати на ден, а последните четири години тоа е сведено на еднаш месечно, сѐ додека девојката не одлучи дека е доволно.

- Ми недостига доењето на мојата ќерка - вели Шерон Спинк, мајка на четири деца и актерка од Велика Британија.



Таа раскажува дека е сосема нормално за неа да ја дои толку многу нејзината ќерка, што не гледа ништо лошо во врска со тоа. Вели дека ова е нешто што создава длабока животна врска меѓу нив двете. Би ја доела сѐ уште својата ќерка, ако 9-годишната Шарлот не одлучеше дека повеќе не сака да пие млеко од мајка си.

Шерон тврди дека нејзината ќерка е здрава и ретко болна поради корисните својства на мајчиното млеко. И покрај ова, таа постојано е мета на критики, а некои од „критичарите" отишле толку далеку, што ја нарекувале насилник и педофил.



Времетраењето на доењето било само избор на нејзината ќерка, тврди мајката.

 - Еве, таа не побарала цицање два месеци, ми рече дека ќе престане целосно кога ќе има десет години, а тоа ќе биде во април следната година, но се чини дека крајот дојде природно порано. Иако јас ќе и дозволам да продолжи колку сака - раскажува Шерон.

Покрај Шарлот, Шерин има уште три деца - Ким (30), Сару (28) и Изабел (12).

Таа признава дека ги доела своите први две деца само две недели, а третото околу шест месеци. Била во некои проблеми и немала поддршка.



Со Шарлот решила да го направи тоа како што треба. Првиот план бил шест месеци доење, една година, потоа две години, и некако сето тоа продолжило.

- Имаше моменти кога сакав да престанам во раниот период на исхрана, но само размислував за тоа, како го правам тоа за моето дете. Тоа е нешто што моето дете го сака и ќе продолжам, бидејќи знам дека ѝ помагам- изјави Шерин за „The Sun“.