(ФОТО) Ја започна 2021 година со модна утка: Кралицата Летиција од Шпанија мета на модните критичари
фотографии: PROFIMEDIA
Сопругата на шпанскиот крал Фелипе и минатата година беше меѓу најдобро облечените жени на светот, а на крилјата на таа самодоверба се чини дека малку се опушти и беше премногу креативна на почетокот на Новата година...
Шпанскиот крал Фелипе Шести и неговата сопруга кралицата Летиција организираа свечена прослава по повод празникот на тројцата кралеви во Кралскиот дворец во Мадрид. Тоа е традиционален настан, на кој секоја година се собираат воени лица и привлекува големо внимание од локалната јавност.
Една од најзабележаните секогаш е шпанската кралица, која воодушевува со своите модни избори за оваа пригода, но се чини дека не успеа на почетокот на 2021 година.
Имено, Летиција избра затворена бела блуза од брендот Макс, која е украсена со масивни црни копчиња распоредени од едната страна, а ја комбинираше со долго црно здолниште кое не ѝ стоеше премногу ласкаво и визуелно ја „скрати“ нејзината фигура.
Сопругата на Фелипе додаде на оваа комбинација црни чевли од модната куќа Магрит со зашилен врв и впечатливи ремени кои не ги воодушевија модните критичари, а тука е и торбата од дизајнерот Фелипе Варела и златниот прстен од Карен Холам. Пред да влезе во Палатата, кралицата беше видена во црна наметка на Каролина Херера.Иако оваа комбинација на бои е несомнено полн погодок, кралицата на Шпанија не доби премногу пофалби од модните експерти, пред се' поради лошо избраниот крој на здолништето и необичниот модел на блуза, кој многумина ги потсети на униформа на готвач.
Погледнете ја галеријата и кажете ни, што мислите вие?
извор: glossy.espreso.rs
ГАЛЕРИЈА: