Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Јакната на Јана Стојановска мора да ја имате
Атрактивната актерка и поранешна македонска мисица, Јана Стојановска, на еден од настаните во градот се појави во младешки шик аутфит, а највпечатливо парче на неа беше црната кожна јакна која со години е најпрактична и најпогодна за комбинирање.
Кожната црна јакна со години е класично парче гардероба идеално за овој период во годината и одлично оди со фармерки, со здолништа, но и со пролетни фустани. Дава доза на сексапил и симбол е за модерна, силна жена.
Фото: В.Тануровски