(ФОТО) Јас сум мало делче од прашината: Калиопи со интересен стајлинг на необична локација

Спортски облечена и со минимална шминка, Калиопи гостуваше во Утринската програма на српската Тв Прва. Калиопи даде интервју на интересна локација, на Петроварадинската тврдина кај Нови Сад.                                                         

                                                                                   Поводот за гостувањето е нејзиниот концерт во Нови Сад, кој ќе се одржи на 24 март во Српскиот народен театар.          "Јас сум само едно мало делче прашина од оваа убавина. Му благодарам на Нови Сад што втор пат ми овозможи да одржам концерт тука", изјави Калиопи.                       Во Македонија, таа ретко настапува, а во регионот почесто. На Осми март, одржа успешен концерт во Херцег Нови.