(ФОТО) Јелена Јованова и партнерот елегантни во црно

Добивај вести на Viber

Актерката Јелена Јованова присуствуваше на премиерата на „Врба“, заедно со сопругот Стјепан Периќ. Двојката изгледаше елегантно во црно.

Македонската актерка својот животен партнер го запозна во Загреб на снимањето на серијата „Тајни“. Романсата од малиот екран со колегата Стјепан Периќ продолжи и во вистинскиот живот, а интересен е моментот што во хрватската метропола се запознале и родителите на Јелена.

- Ако секој од нас ја завршува приказната на своите родители, јас во Загреб сигурно се надоврзав на нивната и започнав една моја, поинаква. Никогаш не мислев дека ќе се вратам таму од каде тие тргнале и уште помалку дека таму и ќе љубам. Верувам Евреите биле во право кога од својот речник го извадиле зборот „случајно“ – изјави Јованова во едно интервју.