Моден фокус // Трендови
(ФОТО Јелена Карлеуша во сопствена провокативна креација: Повеќе открива отколку што покрива
Контроверзната пејачка Јелена Карлеуша повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста.
Имено таа на снимањето на новата епизода на „Ѕвездите на Гранд“ облече сопствена креација во златна боја и веднаш собра илјадници лајкови.
Станува збор за припиен фустан, со гол стомак и минијатурни парчиња на градите, кои повеќе откриваат отколку што покриваат. Но тоа е препознатливиот стил на популарната пејачка.
Со аутфитот носеше огромно „Moschino“ ланче околу вратот и златен часовник, како и сандали во истата боја.