(Фото) Јелена Спенџарска есента ја дочека на плажа
ТВ водителката Јелена Спенџарска максимално ги користи последните топли денови.
Таа ужива на грчките плажи и вели дека ова и е најубавото лето досега кое и го променило животот. Всушност Јелена и есента ја дочека на плажа.
- Ме мотивираат луѓе кои си го живеат својот живот. Луѓе со самодоверба. Животот е постојано патување од нашето раѓање, па се до смртта. Околината се менува, пријателите се менуваат, потребите се менуваат, но возот не застанува. Ме мотивираат луѓето кои знаат дека животот е воз, а не железничка станица. Многу луѓе денеска знаат да те прашуваат што работиш, се гледаш ли со некој, мажена ли си, имаш ли деца и зошто уште не.... но, луѓето кои ќе те прашаат дали си среќна и дали можат некако да помогнат, е ти ми се најголема мотиваија. Голема е листата на работи кои ме мотивираат и претежно се ситници кои го креираат мојот живот да биде многу убав- изјави таа за Женски Магазин.