(ФОТО) Како близначки: Водителката Милена и Лана Марија во иста комбинација
Освен што е посветена кога е работата во прашање, водителката Милена Антовска Станковска е исто толку, ако не и повеќе посветена на мајчинството. Секој слободен момент го користи за да биде покрај својата ќерка и да не пропушти ниту еден момент од нејзиното растење.
Вистински доказ за тоа беше и последната нејзина објава, на која мајката и ќерката позираа пред објективот и тоа со посебна причина. Имено, и двете се облечени во исти фустани, но и остатокот од изгледот им беше ист - црни хулахопки и црни кратки чизми. За нештата да бидат уште поинтересни тие двете имаат и исти фризури.
„Најдете време за детето во вас. Мене не ми е тешко тоа, таква сум по природа, но и Лана Марија многу ми помага во тоа“ - напиша посветената мајка покрај фотографиите.
Преслатко зарем не?!