Животна училница // Приказни
(ФОТО) Како изгледа помалиот брат на Кејт Мидлтон: Не е само бизнисмен, љубител е на кучиња и боем
Секојдневно во јавноста се присутни кралското семејство, Кралицата Елизабета II, Принцот Чарлс, Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлотон, но помалку или многу ретко во јавноста ги гледаме нивните роднини, односно сватовите.
Помалиот брат на Војвотката Кејт Мидлтон пред неколку дена на својот Инстаграм профил објави интересни фотографии, со кои покажа дека е вистински романтичар, но и голем љубител на кучиња.
Имено Џејмс Мидлтон, направил изненадување за својата свршеница, Ализа Тевен
„Ализа и јас не сме биле на романтичен состанок чинам цела вечност ... затоа решив да ја изненадам со излет во природа со кучиња и со посебен мал подарок“.
На фотографиите се гледа како парот се забавува на отворено со своите кучиња - зад нив на пикапот се наредени многу вазни со цвеќиња, послужавник за вино и чаши, кошница, радио, а на пикапот има мал тепих во бохо стил за уште поголема романтична атмосфера.
Инаку, помалиот брат на војвотката е огромен фан на кучиња, тој се бори за нивните права, ги чува и одгледува.
Фото: Инстаграм
Можеби ќе ве интересира:
(ФОТО) Кејт Мидлтон или Дру Баримор: Модни сродни души