Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Како принцеза: Пенелопе Круз воодушеви во Кан
Пенелопе Круз(45) на премиерата на новиот филм „Pain and Glory“ на 72-рото издание на филмскиот фестивал во Кан, воодушеви со нејзиниот моден избор.
Шпанската убавица на црвениот тепих се појави во сино-бел чипкан фустан со потпис на модната куќа „Шанел“.
Цветните детали на креацијата даваат посебен шмек на магија, па затоа и многумина ја споредија со принцеза.
Совршениот стајлинг го заокружи со елегантни обетки и фризура во пунџа. На нозете носеше сини сандали на висока потпетица.