(ФОТО) Каква мајка, таква ќерка: Бојана Скендеровски ужива со Искра

Пејачката и водителка Бојана Атанасовска, сега Скендеровски, ужива во бракот со сопругот Васко со кого ги има ќерката Искра и синот Ѓорѓи.

Авторката на емисијата „Улица Македонија“ на својот профил на Инстаграм сподели неколку фотографии од забавната дружба со ќерката.


Имено Бојана често споделува фотографии со Искра која навистина наликува на неа, а пред неколку денови изгледаа преслатко со исти фустани во леопард принт.

Вчера пак имаа заедничка прошетка во Зоолошката во Скопје.


Во интервју за „Женски магазин“ Бојана претходно изјави дека мајчинството многу ја променило на подобро.