(ФОТО) Ќерката на Бојана Скендеровски е копија на мајка си

Водителката и пејачка Бојана Скендеровски сподели фотографија од неа кога била мала, заедно со фотографија на која е нејзината ќерка Искра. „Мајка и ќерка на иста возраст“, напиша Бојана до сликата на која се гледа колку ќерката личи на мајка си.

Искра во октомври ќе наполни две години. „Мајчинството ме промени комплетно. Ме научи да заборавам на себичноста, ми покажа колку сум му потребна на едно мало суштество, кое е комплетно зависно од мене“, изјави Бојана за Женски магазин претходно.

На 14 јули, водителката на емисијата „Улица Македонија“ и нејзиниот сопруг Васко Скендеровски го добија синот Ѓорѓи.