(ФОТО) КАРОЛИНА ГИ РАЗНЕЖИ ФАНОВИТЕ НА БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ
Убав е животот во Охрид
Охриѓани ја сакаат Каролина Гочева, тоа го докажаа на вчерашниот концерт во спортската сала Билјанини извори.
По седумте концерти во Скопје, поп-ѕвездата го промовираше новиот албум „Извор“ и во Охрид.
„Драго ми е што токму Охрид е првиот град каде што настапуваме по Скопје. Ова е песната „Убав живот“, убав живот во Охрид“, рече Каролина на почетокот од забавата.
Публиката внимателно ги преслуша десетте песни од новиот албум, особено баладите „Ти не дојде“ и „Будна“.
Заигра и запеа на постарите, веќе евергрини од албумите „Македонско девојче“ 1 и 2. На охриѓани им беше малку богатата изведба на Каролина и на бендот, па побараа уште, на бис. За крај, Каролина им закажа блиска средба, на лето.
„Дојдете пак на концерт летово“, ги најави таа плановите за промоцијата на „Извор“. Концертот почна романтично, а заврши весело, со „Бели цветови“, една од новите песни кои брзо им влегуваат во уво, и ќе останат во срцата на фановите на Каролина.
За Женски магазин, Милица Џаровска
Фото: Feel продукција