Култура // Концерти
(ФОТО) КАРОЛИНА И МИХАИЛ: ИТАЛИЈАНСКА РОМАНТИКА НА ЦУКЕРО ВО ОХРИД
Поп-ѕвездата Каролина Гочева со сопругот, уметникот Михаил Корубин, ужива на концертот на Цукеро во Охрид. Каролина и Михаил, по одморот на грчкиот остров Миконос, одмараат во Охрид за кој Каролина често вели дека ѝ е еден од најдрагите градови. Дел од нивната охридска агенда е и концертот на италијанскиот музичар со светска слава, Цукеро, кој се одржува сега.
Каролина во салата „Билјанини извори“ дојде во друштво на пријатели,меѓу кои и радио-новинарката Ана Шутиноска од Антена 5 радио. Поп-ѕвездата и нејзината екипа уживаа во романтичните балади на Цукеро и заиграа кога тој ја повика публиката на танц.
Каролина ќе одржи концерт во Античкиот театар во Охрид на 11 август, а на 10 ќе пее на Хераклеа во Битола.
(М.Џ.)