(Фото) Кејли Куоко се омажи во комбинезон, но не е првата која го стори тоа...
Сите ја знаеме како Пени од серијата „Биг Бенг Теорија“, а сега е супер кул невестата што пркоси на вообичаените правила на традицијата.
Кејли Куоко, 32-годишната актерка стапи во брак со партнерот Карл Кук на прекрасната церемонија во Сан Диего.
Венчавката се одржа во штала, и нека не ве чуди тоа, бидејќи сопругот на Кејли е професионален јавач на коњски трки.
На церемонијата актерката носеше бела чипкана венчаница со потпис на брендот Reem Acra, но затоа подоцна се пресоблече во нешто уште подобро - комбинезон на Тадаџи Шоџи.
Сепак, ова не е прв пат да видиме невеста со нетипичен изглед на својата венчавка. Комбинезони, костуми, живописни бои - познатите девојки знаеа многу пати да изненадат со генијалните нетрадиционални избори, а од оние кои први ни доаѓаат на ум се Соланж Ноулс, Емили Ратајковски и Оливија Палермо.
Соланж Ноулс, сестрата на познатата Бијонсе, секако е една од првите во сосема не-традиционална венчаница. Пејачката во 2014-та година се омажи со партнерот Алан Фергусон во апсолутно совршен комбинезон во боја на слонова коска потпишан од страна на нејзиниот пријател и дизајнер Стефани Роланд..
Истата година со својот свадбен избор изненади и трендсетерката Оливија Палермо, која за најважниот ден во својот живот избра топ и здолниште од тул потпишани од страна на нејзиниот омилен дизајнер Каролина Херера.
И, се разбира, моделот Емили Ратајковски неочекувано објави фотографии од свадбата и откри дека за таа прилика избра ни помалку, ни повеќе костим од Зара во боја на сенф!