(ФОТО) Кејт Мидлтон ги испочитува исламските обичаи: Сите аутфити на војвотката во Пакистан
Кејт Мидлтон на кралската посета во Пакистан со сопругот Принцот Вилијам, совршено ја испочитува земјата со своите традиционални, прекрасни аутфити во светли бои.
1. Со самото слетување од авион, војвотката се појави во небесно син фустан под кој носеше панталони, со потпис на Катерин Вокер. Оваа омбре креација многу потсети на изгледот на принцезата Дијана при посетата на истата земја.
2. Принцот Вилијам и Кејт го започнаа својот распоред со многу активности од „Islamabad Model College for Girls“, за каде војвотката носеше традиционален фустан во кралско сина боја од пакистанскиот дизајнер Махин Кан. Го заокружи изгледот со балетанки во бежова боја.
3. За средбата со пакистанскиот премиер, Кејт облече смарагдно зелена туника од Кетрин Вокер со бежови панталони од Махин Кан. Таа го надополни овој изглед со зелена шарпа од „Satrangi“ и обетки од пакистанскиот изработувач на накит Зен.
4. За свечената вечера во Пакистанскиот национален споменик во Исламабад, Кејт носеше фустан со национален печат, со светкав дезен, со потпис на Џени Пекам. Принцот Вилијам изненади со својот аутфит, па за првпат го видовме во нешто поразлично од класичен костим. Тој избра традиционална облека за свечености.
5. Следниот ден Кејт и Вилијам шетаа низ планини за да ги видат климатските промени на околните села. Двајцата добија традиционални капити во бела боја, а Кејт носеше и традиционална капа.
Нивниот аутфит беше лежерен и совршен за условите.
На овој изглед, Кејт во едно од селата додае малку бои со традиционални парчиња.
6. Кејт и Вилијам беа во посета на СОС Детското село каде прославија роденден со 3 ос 150 згрижени деца таму. Кејт за оваа пригода избра туника и панталони во бела боја.
7. Тие ја посетија и болницата за деца болни од рак. За таму Кејт избра традиционална облека во тиркизна боја од пакистанскиот дизајнер Махин Кан.
Кралскиот пар потоа ја посети џамијата Бадшахи во Лахор. 37-годишната војвотка од Кембриџ, почитувајќи ги религиозните обичаи ја покри главата со тиркизната марама од Махин Кан, а заедно со Вилијам ги соблекоа обувките.